Калитеа е туристичко место кое се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун. Калитеа е карактеристична по нејзината песочна плажа со кристално чисто море, наградувана со плаво знаменце за чистота со природна убавина, бујна медитеранска вегетација. Калитеа е идеална за оние кој сакаат плитка вода и забава. КАЛИТЕА во превод значи убав поглед, и ова е единственото место со неверојатна глетка кон торонеискиот залив.
Вила Посеидон се наоѓа на самата плажа во Калитеа, на околу 200 метри од центарот.
Паркинг за возила не е обезбеден во самата вила, но бесплатен паркинг има на 30 метри веднаш до хотелот Маргарита.
Вилата на 2 кат располага само со четворокреветни студија опремени со:
- Мини кујна со прибор за готвење и јадење
- Сопствен тоалет
- Wi-Fi
- Тераса со страничен поглед кон море или градина
- Клима уредот е вклучен во цената
Четворокреветни студија:
- Двоен кревет + две два единечни
- Лоцирани:
- Приземје: студио бр.1 (без оградена тераса)
- 2 кат: страничен поглед на море – студија бр.13, 14, 15, 16;
- 2 кат: поглед на градина – бр.11, 12
- Максимален капацитет: 4 лица (надвор од овој капацитет може да се смести само дете до 3,99 години)
Дополнителни погодности
- Две лежалки и чадор по соба, поставени на плажа од 01.06.2026
Промо термини:
- Првите два и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете:
- Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.02.2026
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2026
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.04.2026
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
- -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- -Велес (БП Макпоил, Хотел Македонија) – 50еур по лице
- -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
- -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
- Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
- Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Јк Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% , или промена на цената на горивото
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
- -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
- -4:00 Скопје (Дрводекор)
- -4:30 Велес (БП Макоил, Хотел Македонија)
- -5:00 Неготино (БП Неготино)
- -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
- -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
- -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
- -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
- -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
- -3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- *Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените
- *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
- *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
- *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- *Важат Општите услови на НАТА и ТА ЈК травел