Нашата цел е луѓето да бидат задоволни од патувањето кое ќе го одберат и тоа за нив да биде една незаборавна авантура.

ЈК Травел ДОО е туристичка агенција основана во 2006 година која поседува А лиценца за вршење на туристичка дејност и е членка на СКТМ (Стопанска комора за туризам на Македонија, како дел од управен одбор).

ЈК Травел е туристичка агенција која неверојатно брзо се развива, а гаранција за нашиот квалитет се големиот број туристи кои секојдневно ги користат нашите услуги. Започнавме со работа во Битола, за потоа во март 2013 да ја отвориме и нашата прва канцеларија во Скопје. Наредната 2014год со работа започна и нашата трета канцеларија во Штип, а во 2018 година ја отворивме и нашата втора филијала во Битола. Во мај 2019 со работа започна и нашата канцеларијата во строгиот центар на Скопје а истовремено стапи на работа и нашата филијала во Куманово.Денес може да се пофалиме со канцеларии речиси во сите градови на макеоднија, Тетово, Кочани, Скопје Аеродром, Скопје ГТЦ, Скопје Чаир, Велес, Кичево и Струга. Со ова нашиот тим денес брои 30 професионални туристички работници кои во секој момент се подготвени да го испланираат и организираат вашето патување.

Опсегот на услуги кои ги нудиме е обемен и континуирано се зголемува, земајќи ги во предвид побарувањата на нашите клиенти и соработници. Нудиме комплетен туристички сервис: туристички аранжмани ( сопствен закуп за летен одмор, сопствен закуп за зимски одмор, чартер програма за Египет и Турција), хотелски резервации, авио карти, посредување за визи, организирање на индивидуални и групни патувања, рент а кар, трансфери, организација на семинари и конференции. Ориентирајќи се кон тоа да обезбедиме што поширок спектар на туристички услуги, ЈК Травел постојано инвестира во квалитетен персонал и адекватни технологии, кои се неопходни . Минатата година за прв пат во Македонија воведовме целосно онлајн резервирање и онлајн плаќање на аранжмани а пред 5 години лансиравме Б2Б платформа која беше наменета за ОНЛАЈН резервации за партнерските туристички агенции кои ги продаваат нашите аранжмани. Преку оваа платформа веќе имаме продадено повеќе од 15.000 аранжмани. За авионскиот сектор имаме стручни и лиценцирани лица за Amadeus, Galileo и Sabre.Членки на IATA.

Сите вработени во споменатиот сектор, се спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цена и ред на летање можете брзо и едноставно да се информирате во туристичката агенција.