Калитеа е најпопуларното место на Халкидики, во текот на летото. Оддалечена 85 километри од Солун и е најкосмополитското место на Халкидики. Ако го поминете центарот на Калитеа, можете да ги посетите прекрасните песочни плажи и останатите туристички места како Пефкохори, Ханиоти, Полихроно, Криопиги и Палиури или некои делови на Западна Касандра како Фурка, Посиди и Агиа Параскеви. Центарот на Калитеа е раскрсницата која води до овие два правци. Афитос е во близина, па можете да одите таму на попладневна прошетка. Плажата во Калитеа е една од најубавите плажи на првиот крак, се каракретизира со кристално чиста вода, ситна песок, плитка и идеална за деца, наградувана со плаво знаменце за чистота.
Вила Меропи се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200м од самата вила. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.
Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон со поглед кон други објекти , ТВ, клима без доплата и wi-fi.
Фотографиите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.mk) се само дел од севкупната понуда-галерија и истите се од информативен карактер. Студијата за сезона 2025та се во процес на реновирање, нови фотографии ќе бидат објавени дополнително. За сите детали по однос на овој анаржман можете да се информирате кај нашите вработени.
- Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
- Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
- Туристичка такса од 2еур по соба на ден, се плаќа на лице место.
(напомена: првите три и последните два термина се промо цени, и на нив не следува попуст)
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2025, И 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.05.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.06.2025
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -50еур по лице
- -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
- -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
- -Во цената е вклучен еден куфер од 23кг по патник. За дополнителен багаж се доплаќа во агенција по 20еур по дополнителен багаж
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
- Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
- Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
- -Во цената е вклучен еден куфер од 23кг по патник. За дополнителен багаж се доплаќа во агенција по 20еур по дополнителен багаж
Јк Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% , или промена на цената на горивото
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- *Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените
- *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
- *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
- *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- *Важат Општите услови на СКТМ и ТА ЈК травел
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
- -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
- -4:00 Скопје (Дрводекор)
- -4:30 Велес (БП Макоил, Мотел Македонија)
- -5:00 Неготино (БП Неготино)
- -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
- -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
- -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
- -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
- -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
- -3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
- 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
- 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
- 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Тимот на ЈК ТРАВЕЛ ви посакува пријатен одмор.