Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето во Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Во нејзина близина има продавници за храна, фурна, ресторани, игри за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40м одалеченост од вилата каде има бесплатен паркинг. Сезона 2025 климата е со доплата на лице место од 5 еур на ден.
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима со доплата и wi-fi. Истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат.
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон или тераса, тв, клима со доплата и wi-fi.
Петтокреветното студио располага со спален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима со доплата и wi-fi.
Фотографиите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.mk) се само дел од севкупната понуда-галерија и истите се од информативен карактер. За сите детали по однос на овој анаржман можете да се информирате кај нашите вработени.
-Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
-Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
-Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
-Туристичка такса се наплаќа на лице место по соба на ден од 2еур
Првите три и последните три термина се промо цени, на кој не следува попуст, истите се резервираат со 50% аконтација.
-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2025
-10%ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 20.05.2025,СО 100% УПЛАТА ДО 30.05.2025
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
-Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
-Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -50еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Јк Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% , или промена на цената на горивото
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените
*За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)