Сејшели
Ден 1:
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје 2 часа пред закажаното полетување за Истанбул. Лет за Истанбул во вечерните часови. Пристигнување во Истанбул.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Ден 2:
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместувањеЛет од Истанбул за Сејшели во утринските часови. Пристигнување на Сејшели во претпладневните часови. Добредојдовте во тропскиот рај! Организиран трансфер до сместувањето. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индиски океан, околу 1600 километри од источниот брег на Африка. Најголеми острови се Mahe, Praslin и La Digue. Поради положбата меѓу 4-тиот и 10-тиот степен на јужна географска ширина, островите се под тропска клима преку целата година. Прекрасни плажи, нереални бои и природа, тропски растенија и топли локалци.
- Ден 3:
Разгледување на островот Mahe – Главниот град Викторија, Дестилеријата Такамака, Видиковецот Еден и плажата Anse Royale. Го посетуваме главниот град Викторија, историскиот дел на градот. Шетајќи низ градот, уживаме во шареноликата слика која ја прават камените и дрвени куќи од раниот 20-ти век. Викторија има два главни центри – еден од нив е сместен околу “саат-кулата“ – реплика на Big Ben од Лондон која претствува симбол на Сејшелите. Вториот центар се карактеризира со пазарот Sir Selvin Selvin Clarke, кој е одалечен околу 5 минути пешкиод кулата со часовникот. Пазарот е изградено во 1840-та година, а го добива името по францускиот гувернер кој сам ги изградил штандовите за продажба на роба на локалните земјоделци и рибари. Овој пазар е навистина вреден за посета, поготово во сабота наутро, кога се нуди вистинската кошничка со производи – риба, зачини и егзотично овошје. Освен тоа, тука се наоѓа и кафич во кој можете да седннете и да ги впивате интензивните бои, звукови и мириси од пазарот, додека уживате во појадокот или ужинката. Едно од најпосетените места на Сејшелите и едно од омилените, посебно на фотографите, е шарениот хиндуистички храм кој се наоѓа во непосредна близина на пазарот. Оваа живописна градба во улицата Quincy Street е изградена во 1992-ра година и служи како место за молење на околу 5.000 Хиндуисти кои живеат во Викторија. Патниците кои сакаат, можат да ги соблечат патиките, да ги остават на влезот и да го посетат малиот храм. Следната станица ни е Видиковецот Еден од каде се отвора неверојатен поглед на Викторија. Продолжуваме до Дестилеријата Такамака, каде ќе се запознаеме со процесот на правење на најпознатиот Сејшелски рум. Остатокот од денот го поминуваме на една од рајските плажи на Сејшели – Anse Royale, каде ќе направиме супер фотографии. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
- Ден 3:
Ден 4:
Го разгледуваме најголемиот национален парк на Сејшели – Морне, каде уживаме во локалната флора и фауна и одмараме на спектакуларните видиковци на островот. Потоа, продолжуваме со посета на некои од најубавите плажи на Махе – Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во зајдисонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Ден 5:
Ден резервиран за капење и сончање на најубавите плажи на Сејшели! Првата станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil, па Anse Intendance. Се сончаме, бањаме и уживаме во локалните јадења и коктели во beach баровите. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
Ден 6:
Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров – Praslin, втор по големина на Сејшели каде прво ќе го посетиме Valle de Mai.
Valle de Mai е “срцето на Praslin” и остаток од првобитните џунгли со палми на Сејшели. Често е опишуван како “рајска градина” благодарение на својата изолирана и мистична природа. Паркот е ставен под заштита уште во далечната 1966 година со преку 1400 стебла од уникатната палма Coco de Mer заради својата локација и уникатност. Во оваа недопрена џунгла, непроменета милиони години може да се пронајдат сите шест ендемски видови на палми од кои најпозната е Coco de Mer. Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови. Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг. – најголемиот и најтежок плод на светот. Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Valle de Mai е исто така дом на реткиот вид на папагал – црн папагал. Иако го носи тоа име, не е во потполност црн, туку повеќе кафеаво-сив. Многу се срамежливи и најчесто може само да се слушнат.
По разгледувањето на Praslin, се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, со прекрасни плажи, каде ќе бидете во допир со локалниот живот, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродроми, и со само мал број патни возила, ова е исклучително лежерно место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. Плажите на La Digue се нешто што не треба да се пропушти. Без разлика дали ги сакате долгите сводови на беспрекорен бел песок или убавото крајбрежје, врамено од масивни гранитни карпи, овие плажи го одземаат здивот. На југот на градот, во рамките на L’Union Estate, се наоѓа Anse Source D’Argent – најпознатата плажа на Сејшели. На оваа плажа има и парк каде можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Уникатниот спој на кристално чиста вода, бел песок и импресивни гранитни карпи носат вистинско уживање, кое сите долго ќе го паметат. Покрај тоа, тука ќе имаме можност да возиме традиционално камионче и да уживаме во вкусна креолска кујна.
Во цената е вклучено: трансфери според предвидениот план и програм, ручек, локален водич на англиски јазик, влезница во Vallee de Mai.
Ден 7:
Слободен ден или факултативен излет на плажата Anse Major, една од најубавите плажи на Махе. По излетот, враќање во сместувањето и слободно време. Ноќевање.
Ден 8:
Слободен ден за уживање и одмор. Можност за организација на факултативен излет во St. Anne Marine националниот парк кој претставува преубав мал архипелаг од кој некој од помалите острови се поврзани со песочни спрудови, па може од еден до друг да се помине и пешки. Плажите се подиви и зрачат со неверојатна убавина. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Дена 9:
Напуштање на собите во претпладневните часови и слободно време до поаѓање. Трансфер до аеродромот во Махе. Лет за Истанбул.
Ден 10:
Пристигнување во Истанбул. Трансфер на лет за Скопје. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Поаѓање 22/03/2024 10 Денови Цена од 1549 Евра
Сместување во :
Coral Strand Smart Choice Hotel 4 или Divers Lodge Guest House Seychelles
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од аеродром до сместување
Трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж