Хотел Самоков се наоѓа во строгиот центар на Боровец, опкружен со борова шума, на само 100 метри од ски-лифтот. Хотелот е погоден за организирање на разни семинари, конференции, настани и тим билдинг.
Сместување: Има вкупно 250 стандардни соби, 11 луксузни и 4 апартмани. Хотелот располага со голем број двокреветни соби. Сите стандардни соби имаат: француски кревет или два единечни кревети и еден дополнителен кревет, ТВ, телефон, фрижидер, бања, туш или када, фен за коса. Сите соби може да имаат софа или фотелја на извлекување како дополнителен кревет.
Хотелот: располага со рецепција, ресторан, a la carte ресторан, скај бар, лоби бар, сеф на рецепција (се доплаќа), Wi-Fi интернет, интернет катче, менувачница, продавница, паркинг (се доплаќа, по достапност) , деловен центар , опремена конференциска сала со придружна опрема, велнес центар (базен, фитнес, сауна, солариум, парна бања, џакузи), медицинска ординација, салон за убавина, фризерски салон, спортска сала, ски депо.