Хотел Премиер беше номиниран за најдобар хотел во Бугарија 2010 година од страна на “World Travel Awards”, која ја доделува најпрестижната награда во областа на туризмот. Освои награда за најдобар хотел со 5* во Банско за 2009 / 2010 година, како и за најдобар Спа хотел во Бугарија во 2010 година. Се наоѓа на 700м одалеченост од жичарата.
Извонреден дизајн, комфорни соби, спа центар (затворен базен, џакузи на отворено со топла вода, сауна, ароматизирана сауна, руска бања, фитнес центар), приклучок за интернет, конференциска сала, ресторан, висок квалитет на услуга. Идеално место за ексклузивен зимски одмор.