1.Сместување во ресорт.
Секој ресорт е остров сам за себе. Прилично скап начин за одмор на Малдиви. Прекрасни плажи со бел песок, палми и тиркизен океан, ресторан, барче од хотелот, скап “excursion desk” е нешто кое ги одликува ресортите на Малдиви.
Не велиме дека ресорт не е добар начин да се посетат Малдиви, но велиме дека ние имаме рецепт за буквално СОВРШЕН и доста ПОЕФТИН одмор на Малдиви!
2. Сместување на населен остров – НАШ ИЗБОР!!! Читајте до крај, it’ll be worth it…
Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви – Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви… Замислете си и Хотел со 4* – Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучено 9 активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ – 3 пати во текот на одморот се плажираме на песочни дини – малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди… Одиме да нуркаме со ајкули, подводни желки, делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи – сертифицирани “free” нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!
Што мислите за нашиот начин…? Одиме на Малдиви…?
Поаѓање: 03.04. 2024. – 10 Денови – 1.549EUR,00сега од1.299EUR,00
Поаѓање: 04.04. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 08.04. 2024. – 10 Денови – 1.549EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 11.04. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 17.04. 2024. – 10 Денови – 1.549EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 18.04. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 22.04. 2024. – 10 Денови – 1.549EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 25.04. 2024. – 10 Денови – 1.549EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 02.05. 2024. – 13 Денови – 1.849EUR,00сега од1.649EUR,00
Поаѓање: 02.05. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.399EUR,00
Поаѓање: 09.05. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.399EUR,00
Поаѓање: 16.05. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 23.05. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 30.05. 2024. – 10 Денови – 1.599EUR,00сега од1.349EUR,00
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Малдиви
ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО КОВИД-19
За влез на Малдиви не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.
ВИЗА
Државјани на Република Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна туристичка виза за период до 30 дена на Аеродромот во Мале – Малдиви. Потребна е следнава документација: важечка патна исправа, поврaтна авио-карта и потврда за уплатен туристички аранжман (ваучер кој го добивате кај нас во агенција). Рок на важност на пасошот мора да биде најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.
HEALTH DECLARATION FORM
Сите патници мораат да имаат пополнето и Health Declaration Form на следниот линк: https://imuga.immigration.gov.mv . Оваа форма треба да се пополни во рамки на 48 часа пред времето на пристигнување на Малдиви. Истото е потребно да го направите и на Малдиви, во рамки на 48 часа пред поаѓање од Малдиви. Патниците мораат да го испринтаат и QR кодот кој ќе го добијат по успешно пополнета апликација, или истиот да го сочуваат на телефон. QR кодот ќе Ви биде потребен за време на чекирање на авиокартите во Скопје. Во онлајн формуларот е потребно да приложите и Ваша фотографија.
ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување на Малдиви не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.
ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден се движи помеѓу 29-32 степени, а навечер паѓа на пријатни 26 степени. Температурата на морето на Малдиви е 28 степени за време на целата година. Времето на Малдиви знае да биде променливо со облаци, краток дожд и сончеви интервали, кои може да се менуваат во текот на денот. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци.
БЕЗБЕДНОСТ
Хотелот во кој сте сместени се наоѓа на локален остров каде живее локално население. Островот е безбеден, но секако препорачуваме да водите сметка за Вашите пари и лични работи како што би воделе на било која друга дестинација. Локалците се особено пријателски настроени кон туристите и сакаат да се дружат и да се запознаваат.
ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Исклучително важно е да пиете само флаширана вода. Храната се базира на овошје, зеленчук, ориз, нудли, морски специјалитети, но во хотелите и рестораните на гостите им се нудат и меѓународни специјалитети. Цените на оброците на Малдиви варираат, но просечна цена на оброк во ресторан е 7-15$, пијалоци околу 5-10$.
Малдиви е исламска држава. Во државата е нелегално да се внесува свинско месо, продукти што содржат свинско месо и алкохол. Иако, на населените острови е забрането да се служи алкохол во ресторани и барови, може лесно да се најде алкохол на островите и често се наоѓаат укотвени „Party Boats“ на неколку стотини метри од пристаништето на кои се служи и продава алкохол.
Заклучокот на нашите патници (и наш лично) е дека на Малдиви има прекрасна храна, дали традиционална, морска или интернационална. На Малдиви можете да јадете превкусен и ефтин октопод, морски плодови, риба, но и бургери и пица.
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат на Малдиви. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Што се однесува до интернет и Wi-Fi, конекцијата знае да биде бавна, но сосема доволна за основна комуникација. Некогаш сигналот знае да биде полош во собите, но на рецепција во главно, работи одлично. Доколку сакате картичка за интернет, која нуди пристап до брз интернет, известете го водичот. Цената на картичките се движат околу 30$-35$ - 17GB.
СТРУЈА
Потребно е со вас да понесете адаптер за струја – влез како што се користи во Велика Британија (штекери со три сплоснати влезови). Адаптерот не може да се купи на самата дестинација.
ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Малдиви е Малдивска руфија. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 18.18 MVR
1 USD = 15.46 MVR
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување.
Можете да носите евра или долари. Постои можност да користите и платежни картички, но не треба премногу да се потпирате на нив. Провизиите кои ги земаат не се големи, но секако би требало да проверите со матичната банка. Доколку носите долари, истите не смеат да се постари од 2000-та година. Валутата која се користи во хотелите е долар. Иако Малдивите имаат своја локална валута, доларот е општоприфатен за плаќања во кеш. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па препорачуваме и Вие да ја носите оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по доста неповолен курс во однос со Банките во Европа.
На Малдиви планирајте да трошите околу 20-30$ на ден за комфорен престој по лице (во зависност дали од понудата имате избрано ноќевање со појадок или полупансион), за ситедополнителни оброци, сувенири, излегувања навечер итн. но тоа секако е индивидуална работа и зависи колку трошите.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+5, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Малдиви е 4ч, а во текот на летното сметање на времето е 3ч, затоа што Малдиви не преминува на летно сметање на времето.
Малдивите (Maldives) се наоѓаат во Индискиот Океан, одалечени околу 700км од брегот на Шри Ланка (Sri Lanka) и околу 300км од брегот на Индија (India). Се состојат од 1.200 мали и големи острови, од кои само 200 острови се населени. Малдивите се најмалата Азиска земја, како по површина, така и по бројот на жители. Главниот и најголем град на републиката е Мале, со преку сто илјади жители.
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.
+389 78 212 122
jktravelclient@gmail.com
Ценовник за: Малдиви
Датуми
Ценовник за: Малдиви
Датуми
Quadruple
Dbl+ext.bed
1bedroom apartment
19.05.2024 - 26.05.2024
26.05.2024 - 02.06.2024
02.06.2024 - 09.06.2024
09.06.2024 - 16.06.2024
16.06.2024 - 23.06.2024
23.06.2024 - 30.06.2024
30.06.2024 - 07.07.2024
07.07.2024 - 14.07.2024
14.07.2024 - 21.07.2024
21.07.2024 - 28.07.2024
28.07.2024 - 04.08.2024
04.08.2024 - 11.08.2024
11.08.2024 - 18.08.2024
18.08.2024 - 25.08.2024
25.08.2024 - 01.09.2024
01.09.2024 - 08.09.2024
08.09.2024 - 15.09.2024
15.09.2024 - 22.09.2024
22.09.2024 - 29.09.2024
Ние користиме колачиња за да ги персонализираме содржините и рекламите, да обезбедиме функции на социјалните медиуми и да го анализираме нашиот сообраќај. Ние, исто така, споделуваме информации за вашата употреба на нашата страница со нашите партнери за социјални медиуми, рекламирање и аналитика. View more
Cookies settings
Прифати
Политика на Колачиња
Privacy & Cookies policy
Cookies list
Cookie name
Active
ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА
Оваа Политика ги објаснува категориите колачиња кои ги користиме, која е нивната намена, на кој начин може да ги измените вашите претпочитани опции и ги објаснува технологиите кои ги поставуваме за прибирање податоци поврзани со користењето на нашата веб-страница и нашата комуникација преку електронска пошта (e-mail).
Овие технологии, се широко користени и се познати под името „колачиња“ и „веб-патокази“.
1. Што претставуваат колачињата и како се користат на нашата веб-страница?
За да го подобриме корисничкото доживување на нашата интернет страница jk.mk и да понудиме квалитетна услуга, од која имате потреба, зачувуваме на вашиот уред мали фајлови со податоци, кои се нарекуваат cookies (колачиња).
Со користењето на нашиот сајт, вие ја прифаќате употребата на cookies од наша страна.
Cookies не се користат за обработувањето на личните податоци, бидејќи не содржаат никакви информации за идентификување на корисникот.
Колачето претставува мало количество на податоци, текстуални датотеки, кое најчесто содржи и уникатен идентификатор.
Колачињата може да се испратат до Вашиот пребарувач кога ќе ја посетите нашата веб-страница. Тие се складираат во веб- пребарувачот во вашиот уред (компјутер или мобилен уред) при посетата на некоја веб-страница.
Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб- прелистувачот, како, на пример: јазик, големина на фонт, како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници.
На тој начин, при повторна посета на истата страница, не мора повторно да ги поставувате.
Некои колачиња се складираат само за време на вашата посета на нашата веб- страница. Овие колачиња се познати како привремени колачиња.
Другите, познати како трајни колачиња, може да останат складирани во вашиот компјутер по посета, а нашата веб-страница ќе може да пристапи до нив при секоја Ваша повторна посета на веб-страницата.
2. Видови колачиња кои ги користиме:
2.1 Основни или привремени колачиња (сесиски колачиња).
Основните колачиња може да се користат со цел да Ви овозможиме да ги добивате услугите кои сте ги побарале преку нашата веб-страница.
Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од вашиот компјутер со прекинување на тековната сесија или со затворање на прелистувачот.
На пример, овие колачиња може да се користат на нашата веб-страница за запомнување на претходните активности кои сте ги извршиле (како што е пополнување формулар) при враќање на претходната страница за време на истата сесија.
2.2 Колачиња за перформанси.
Ние може да користиме колачиња за перформанси кои прибираат информации за начинот на кој се користат нашата веб-страница, реклами и e-mail пораки, како и за да нè известат доколку настане некаква грешка.
Овие колачиња може да се користат за прибирање детални технички информации, како што се последните посетени веб- страници, бројот на посетени страници, дали сте отвориле одредени e-mail пораки, на кои делови од нашиот веб-сајт или e-mail пораки сте кликнале и временскиот период помеѓу две кликнувања.
Иако овие информации може да се поврзат со податоци како Вашата IP адреса, домен или информации за пребарувачот, тие се анализираат само во група со податоци од други корисници, а не на начин кој може директно да Ве идентификува.
На пример, овие колачиња може да се користат на нашата веб-страница за: Анализирање и подобрување на перформансите на нашата веб-страница, реклами и e-mail пораки;
Управување на перформансите и дизајнот на нашата веб-страница; Пресметување на бројот на одговори од нашите реклами за подобрување на ефикасноста на нашето рекламирање;
Броење на грешките кои настануваат на нашата веб-страница заради подобрување на нашите услуги.
2.3 Колачиња за пренасочување.
Ние може да пристапиме до колачиња за пренасочување кои биле испратени до вашиот уред преку веб-страницата на нашите деловни партнери. Овие колачиња се користат за препознавање на секое пренасочување кое го вршат нашите деловни партнери кон нашата веб-страница и дали посетата на пренасоченото лице резултира со користење на некој производ или услуга од ЈК ТРАВЕЛ ДОО Битола.
Овие информации може да бидат споделени со нашите деловни партнери, но само на анонимен начин, а не на начин кој може директно да Ве идентификува.
2.4 Функционални или трајни колачиња.
Ние може да користиме функционални колачиња кои не се основни, но овозможуваат разни корисни функции на нашата веб-страница.
На пример, овие колачиња може да се користат на нашата веб-страница за: Запомнување на претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на веб-страницата, како што е јазик, Вашите интереси и приказот на веб-страницата, со цел да не ги избирате повторно;
Запомнување одговори на прашања кои ви ги поставуваат нашите веб-страници, како, на пример, одбивање да учествувате во прашалник за задоволството на корисниците, со цел да не Ви бидат поставени повторно; Откривање дали некоја услуга веќе Ви била понудена; Обезбедување информации за да овозможите некоја изборна услуга да функционира, како што е гледање на видео записи на Интернет; Обезбедување информации за најблизок банкомат преку прибирање информации за регионот во кој се наоѓате во моментот (доколку се согласите да споделувате такви информации).
2.5 Колачиња за таргетирање или рекламирање.
На нашата веб-страница може да користиме колачиња за таргетирање или рекламирање со цел да Ви испратиме реклами и рекламни пораки прилагодени на Вашите интереси. Овие колачиња може да приберат детални информации за Вашите најчести пребарувања низ нашата веб-страница (како, на пример, производите и услугите на кои сте кликнале). Исто така, може да се користат за препознавање кога повторно ја посетувате нашата веб-страница. На пример, овие колачиња може да се користат на нашата веб-страница за прибирање информации во врска со производите и услугите од ЈК ТРАВЕЛ ДОО Битола кои сте ги пребарувале, со цел: Да Ви обезбедиме содржини, препораки и реклами кои Ве интересираат повеќе; Да ги персонализираме и насочиме поефикасно e-mail пораките и другите директни рекламни комуникации; Да се помогне во мерењето на ефикасноста на рекламна кампања.
2.6 Колачиња од трети страни.
Вашето користење на нашата веб-страница може да резултира со складирање одредени колачиња кои не се под контрола на ЈК ТРАВЕЛ ДОО Битола. Ова може да се случи кога веб-страницата која ја посетувате користи аналитика од трети страни или алатка за автоматизирање/управување со рекламирањето (како алатките што ги нуди Google и Oracle) или се прикажуваат содржини од веб-сајт на трети страни, на пример, YouTube или Facebook. На овој начин ќе добиете колачиња од услугите на таа трета страна, при што ЈК ТРАВЕЛ ДОО Битола може да не го контролира складирањето или пристапот до овие колачиња. Во тој случај, Ви препорачуваме да ги погледнете политиките на приватност и колачиња за овие услуги на третите страни и да дознаете како овие трети страни користат колачиња.
2.7 Веб-патокази.
Веб-патоказите (активни ознаки) познати и под името „single pixel“ или „clear gif“ технологија може да се користат на нашата веб-страница и во нашите комуникации.
Оваа технологија ни покажува кои посетители притиснале на клучните елементи (како што се линкови или графика) на веб-страницата или e-mail адресата. Кога ќе ни побарате да ви испратиме промотивни информации ние може да употребиме веб-патокази за да дознаеме кои e-mail пораки навистина ќе бидат отворени. Овие информации ги користиме со цел да ги оптимизираме нашите содржини, услуги и комуникации. Веб-патоказите најчесто функционираат заедно со колачињата и може да се исклучат преку деактивирање на колачињата.
Одредени софтвери за e-mail пораки и веб-пребарувачи може да се конфигурираат да спречат автоматско преземање на слики. Тоа ќе го спречи и функционирањето на веб-патоказите, сè додека не одлучите да ги преземете сликите.
3.Како да ги оневозможите колачињата?
Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на интернет-пребарувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците: Да ги прифатите сите колачиња; Како да ги исклучите колачињата од трети страни; Како да го поставите пребарувачот да Ве извести кога ќе примите ново колаче; Како целосно да ги исклучите колачињата?
Оневозможувањето на колачиња на овој начин ќе спречи поставување нови колачиња, но нема да престане да функционираат претходно поставените колачиња на вашиот уред, освен ако не ги избришете сите колачиња во поставките на прелистувачот. Доколку не се прифатат колачињата, тогаш постои можност веб-страницата да не функционира на начин како што очекувавте. За да се спречи ова, Ви препорачуваме да ги прифатите колачињата.
4. Доколку не сакате да користите колачиња.
Во случај кога не сакате да користите колачиња како што е наведено , или ако се премислите откако ке се согласите со наша употреба на колачињата, може да ги избришете преку Вашиот пребарувач. Функцијата на не следење им овозможува на посетителите да не бидат следени од веб-страниците. Оваа опција е возможна на повеќе интернет пребарувачи.
Доколку не се прифатат колачињата , тогаш постои можност веб-колачињата да не функционира на начин како што очекувавте. За да се спречи ова, Ви препорачуваме да ги прифатите колачињата.
Рок на задржување ( траење) на колачињата:
1.Задолжителни (неопходни) колачиња автоматски се бришат со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот.
2.Функционалните (постојани) колачиња остануваат во датотеката на колачето на пребарувачот во временски период кој зависи од изборот што ке го направите во поставките на Вашиот интернет пребарувач.
3. Аналитчки (статистички) колачиња кои се регенерираат за аналитички цели при првата најава на нашите посетители кои се зачувуваат само преку уредот (пребарувачот) каде се поставени две години од моментот на нивното поставување. Колачињата кои се поставуваат на уредот овозможат да се користи услугата Google Analytics и колачињата за тоа како посетителите ја користат веб - страницата заради креирање аналитички извештаи за тоа како работи бев- страницата еден ден од моментот на нивното поставување
3. Маркетинг колачиња
Pixel tracking колачињата - три месеци од моментот на нивното поставување.
Колачињата за посета што се поставуваат нa YouTube со цел да се измери пропусниот опсег (bandwidth) за да се одреди дали содржините ќе се добиваат на нов интерфејс на плеерот или на претходниот (стариот) – шeст месеци од моментот на нивното поставување.
Сесиските маркетинг колачиња кои автоматски се бришат со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувач.
Постојани колачиња (согласно поставките на интернет – пребарувачот).
Политиката на колачињата редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно законот.