Хотел Lion е елегантен, луксузен хотел во Боровец со вкус уреден во современ стил, обезбедувајќи ги сите модерни удобности. Хотелот се наоѓа во мирен и живописен амбиент, опкружен со прекрасна борова шума, на околу 1,2 км од центарот на Боровец. Пријатниот велнес центар и затворениот базен се совршено место за релаксација на крајот од денот. Хотелот се наоѓа во тивкиот дел од Боровец. Од ски-центарот е одалечен околу 1,2 км до кој е организиран трансфер со минибус.
Сместување: Хотелот располага со 56 стандардни, 61 големи стандардни, 24 студија и 5 апартмани. Сите сместувачки единици имаат: LCD телевизор, телефон, мини бар, Wi-Fi интернет, бања со туш, фен, додека студијата и апартманите имаат и маса со столчиња.
Хотелски содржини: Хотелот располага со главен ресторан што е реновиран, лоби бар, продавница, менувачница. Исто така има билијард и пинг-понг маса. Реновираниот СПА центар има базен, сауни, џакузи, relax zone, простории за масажа и фитнес центар. Хотелот располага со паркинг и просторија за ски опремата.