Хотел Lion Bansko е квалитетен хотел со добра локација во Банско. Оддалечен е 400 m од гондолата и на 15 минути пешачење од центарот на стариот град. Хотелот располага со 167 двокреветни соби, 16 фамилијарна соби и 8 апартмани. Сите соби се опремени со: ТВ, мини бар, телефон, клима, бања со туш кабина или када, козметички сет, фен за коса, бањарка, греење, сеф ( со доплата ).
Хотелот во својата понуда има рецепција, сеф на рецепција (се доплаќа) два ресторани, еден бар, внатрешен паркинг со доплата на лице место (со лимитирани места), изнајмување ски, ски училиште, ски соба, велнес центар, фитнес центар, лекар (со доплата), сауна, парна бања, џакузи ( со доплата) , внатрешен базен, сала за релаксација, конференциска сала, услуга за перење и сушење (доплата), детска игротека, превоз до гондолата.