Каса „Мулар“ е новоизградена градба, која се наоѓа на само една минути пешачење од центарот на Крушево. Вилата е на одлична локација, каде е мирно и тивко, а од друга страна е блиску до центар и во близина има место за паркинг.
Моментално вилата располага со три нови студија од кои две се фамилијарни (со еден брачен лежај и два кревети на спрат) и едно студио 2+1. Секое од студијата располага со сопствен тоалет, тв, фрижидер, wi-fi, посебен соларен систем со топла вода, електричен бокал и електрично ѓезве. Во секое студио е спроведен мултисплит систем за греење и ладење.