Хотел Iceberg 4* се наоѓа во срцето на Боровец, во центарот, на околу 150 метри од ски-лифтот. Овој комплекс претставува уникатна комбинација на локација, импресивен дизајн, луксузен ентериер и прекрасен панорамски поглед на боровата шума. Поради сите споменати карактеристики, хотелот е погоден за одмор во текот на целата година.
Соби: Сите соби имаат бања (туш / тоалет), фен, LCD телевизор, телефон, мини бар и балкон.
Хотелски содржини: Хотелот располага со ресторан, лоби, ноќен клуб и спа бар. На рецепцијата е достапен и сеф со доплата и бесплатен Wi-Fi во лобито. Гостите можат да користат билијард, пинг понг маса, електронски игри. Спа центарот вклучува базен, сауна, фитнес центар и џакузи. Хотелот располага со паркинг и просторија за ски опремата.