Свети Никола бутик хотел (By пицерија Скар Крушево) е најнов хотел во Крушево со 8 студиа кои во себе носат уникатни крушевски приказни. Студиата се двокреветни, трикреветни и четирикреветни и секое од нив носи име и има свое значење.
Понудата на Свети Никола вклучува појадок кој се служи во најпознатата пицерија во градот- пицерија Скар, а во лобите на хотелот достапно е бесплатно кафе и чај за гостите.
Хотелот е сместен во центарот на Крушево со фасада која ја отсликува уникатната крушевска архитектура.
Последната иницијатива на Свети Никола бутик хотел е да ги промовира крушевските писатели во своето лоби. Иницијативата опфаќа промовирање на крушевските автори со изложување на авторска книга на секој крушевски писател.