Hotel Milenium
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото. Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.
ЦЕНА ПО СОБА НА ДЕН НА БАЗА НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
Период: 01 Јануари 2023 – 29 Декември 2023
| цена по соба на ден | Ноќевање со појадок |
| Еднокреветна соба | 2440мкд |
| Двокреветна соба | 3660мкд |
| Делукс дуплекс соба | 4270мкд |
| Јуниор Апартман | 4270мкд |
Дадените цени се по лице на ден со вклучен: надворешен паркинг со видео надзор (само со автомобили и комбиња), безжичен интернет во лоби, ресторанот, семинарската сала и во собите, финска сауна, турска парна бања, теретана, ДДВ (5%) и туристичка такса.
Забелешка: Дадените цени се без вклучен пијалок за време на ручек/ вечера.
Политика за деца: за 0–6 години е без доплата;
за 7–12 години следува 50% попуст, над 12 година се пресметува цена како за возрасно лице.
Доплата за трето возрасно лице во двокреветн стандардна а соба на помошен кревет: 1220 МКД (20 ЕУР)
Појадок: Шведска маса. Ручек / Вечера: Пансионско мени.
Дополнителен оброк (ручек или вечера): 490 МКД (8 ЕУР) по лице (без вклучен пијалок).






