Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во апартмани, соби и бунгалови со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располага и со сопствени коњи и организира тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци. Посебен акцент ставаме на ресторанот Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава..
Цени изразени за наем на соба на ден за 2025 година
|
Тип на соба
|
Двокреветна соба |
|
Бунгалов
|
Апартман |
ВИП апартман |
Апартман на приземје |
| Цена |
3000 мкд |
|
2600 мкд |
3600 мкд |
4200 мкд |
3500 мкд |
*Цените во табелата се по соба на ден
Можност за доплата на *Појадок 300 денари по лице / *Ручек 600 денари по лице / *Вечера 600 денари по лице