Термал Лукс – Струмица
„Termal Lux & Spa“ во Струмица е луксузен спа-хотел сместен во мирното село Бањско, познато по своите термални извори.
Спа центарот е главната атракција на хотелот. Хотелот нуди широк спектар на услуги и удобности, вклучувајќи три базени (двата се надворешни, еден затворен и загреан), модерен фитнес центар, сауна, парна бања, и џакузи. Гостите можат да уживаат во масажи и разни спа третмани во нивниот велнес центар.Собите и апартманите се модерно опремени, со сите потребни удобности како клима уред, бесплатен WiFi, кабловска телевизија, и балкони кои нудат прекрасен поглед на околината. Хотелот располага и со ресторан, каде се служат различни видови кујни, вклучително и локални специјалитети.„Termal Lux & Spa“ е популарен избор за семејства, бидејќи има детско игралиште и базен за деца. Гостите можат да го користат и бесплатниот приватен паркинг и да уживаат во блиската природа и историски локалитети во регионот.
Хотелот располага со 3 ресторани. Посебен ресторан за појадок, главен ресторан и летна тераса на кров.
Капацитети:
- Стандард соба – 2 лица
- Комфорт соба – 2 лица
- Мал апартман – 2 лица + дете до 7 години
- Голем апартман – 2 возрасни + дете до 14 години (опција за дополнително легло со доплата од 3.600 ден)
Цените се изразени по ноќ:
| ТИП НА СОБА | ПОЛУПАНСИОН | ПОЛН ПАНСИОН |
| СТАНДАРДНА СОБА | 7 500 мкд | 8 900 мкд |
| КОМФОРТ СОБА | 8 800 мкд | 10 200 мкд |
| МАЛ АПАРТМАН | 11 100 мкд | 12 300 мкд |
| ГОЛЕМ АПАРТМАН | 13 100 мкд | 15 200 мкд |
Воедно, ве информираме за ажурирани услови поврзани со сместувањето и користењето на СПА центарот:
- Check-in: од 15:00 часот (користење на СПА центарот е можно од моментот на check-in)
- Check-out: до 11:00 часот (користење на СПА центарот е можно до 11:00 часот)
По одјавувањето, користењето на СПА центарот е можно со доплата – дневна карта.
Во цените е вклучено:
- Цените понудени во табелата се по соба за ноќевање со избраната услуга;
- Користење на спа центар (базен, џакузи, турска бања, фитнес, занимална).
- Дете до 2 г. бесплатно.
Во цената не е вклучено:
- Доплата за дополнително легло (во апартман) за дете до 7г.- 3 600 мкд.
- Доплата за дополнителен оброк за дете до 7 г. – 700 мкд.
- Доплата за оброк за дете до 14 год. во лукс апартман – 700 мкд.
- Туристичка така од ден 45 мкд.
Добро познатото лековито дејство на термалната вода произлегува од богатиот хемиски состав, големата концентрација на натриум и сулфат, присуство на ретки минерали, содржина на растворени гасови, особено азот и јаглед диоксид и радиоактивноста.
Термалната вода помага при следните заболувања:
- Сите видови на дегенеративен ревматизам
- Заболување на желудникот
- Заболување на дванаесетпалечно црево
- Заболување на цревата
- Воспаленија на жолчка и жолчни патишта
- Заболување на срцето и крвните садови
- Хормонални нарушувања и алергии
- Есенцијална хипертензија
- Слабокрвност
- Состојби по прележана жолтица







