МАДРИД
НОВА ГОДИНА – Мадрид
27 декември 2025 – 1 јануари 2026
Авионска програма со лет од Скопје
Скопје (SKP) → Мадрид (MAD)
📅 27.12.2025 | 🕓 16:05 → 20:00
Мадрид (MAD) → Скопје (SKP)
📅 01.01.2026 | 🕘 21:25 → 00:55 (02.01.2026)
Промо цена до 30.11.2025: 899€ со резервација на пакет факултативи (180€по лице )
Цена на аранжманот: 999€
Програма на патувањето
Ден 1 – 27 декември | Полетување за Мадрид
Состанок на аеродромот во Скопје два часа пред лет. Полетување со директен лет за Мадрид, главниот град на Шпанија. По пристигнувањето, трансфер до хотелот и сместување. Вечерта прошетка низ центарот на Мадрид, прв допир со градот на светлата: Puerta del Sol, Plaza Mayor, Gran Via со нејзините продавници и театри. Слободно време за вечера во некој од шармантните тапас барови. Ноќевање.
Ден 2 – 28 декември | Панорамски разглед на Мадрид
Појадок во хотел. По појадокот панорамски разглед на Мадрид со локален водич: Plaza de España, Кралската палата, Парк Retiro,Cibeles, Puerta de Alcalá, Стадионот Santiago Bernabéu, Музеј Prado. Ќе ги запознаеме главните улици и плоштади на овој модерен европски град со кралски шарм. Попладне – слободно време за самостојна прошетка, кафе на Plaza Mayor, или посета на Mercado San Miguel – гастро рај за љубители на шпански деликатеси. Ноќевање.
Ден 3 – 29 декември | Факултативна екскурзија – Толедо
Појадок. Денеска ве очекува Факултативна целодневна екскурзија до Толедо – средновековниот град под заштита на УНЕСКО.
По пристигнувањето, разглед на градот со локален водич: Катедралата, Мостот Alcántara, црквата Santo Tomé со делото на Ел Греко.
Толедо е познат како „градот на трите култури“ – христијанска, еврејска и муслиманска. Време за ручек и купување сувенири – познатите чоколади и дамаскински накит. Враќање во Мадрид во вечерните часови. Ноќевање.
Ден 4 – 30 декември | Сеговиа и Авила (факултативно)
Појадок. Факултативна тура до Сеговиа и Авила, два историски града северно од Мадрид. Во Сеговиа ќе го видиме римскиот акведукт, катедралата и бајковитата тврдина Alcázar, инспирација за замоците на Дизни. Во Авила ќе шетаме по добро зачуваните ѕидини од 11 век, и ќе почувствуваме атмосфера на старaтa Кастилја. Ручек со традиционален специјалитет – cochinillo asado (печено прасе). Враќање во Мадрид. Вечерта слободна за уживање во градот. Ноќевање.
Ден 5 – 31 декември | Новогодишна ноќ во Мадрид
Појадок. Утро за одмор и шопинг, препорачуваме Gran Via, El Corte Inglés, или Las Rozas Village за љубителите на брендови со попусти. Попладне подготвување за дочек на Новата година. Можност за учество на организирана новогодишна вечера со забава во ресторан или дочек на плоштадот Puerta del Sol, каде илјадници луѓе ја пречекуваат новата година со традиционалните 12 зрна грозје. Незаборавна новогодишна ноќ во срцето на Мадрид! Ноќевање.
Ден 6 – 1 јануари | Одмор и враќање
Појадок.Одјавување од хотел.Ден за опуштање по новогодишната ноќ.
Прошетка низ **Retiro Park**, посета на **Reina Sofia Museum** каде е изложена славната *Guernica* од Пикасо, или кафе на сончевите плоштади на градот.
Навечер – трансфер кон аеродром и полетување за Скопје во 21:25.
✈️ Ноќен лет.Ден 7 – 2 јануари | Пристигнување во Скопје
Пристигнување во Скопје во 00:55 по полноќ.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Мадрид – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување во Мадрид,на база појадок во двокреветни и трокреветни соби
– Панорамски разглед на Мадрид со локален водич и организиран превоз
– Рачна торба торба (20x40x30cm), до 10кг.
– Oрганизирани трансфери во Мадрид: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Здравствено – патничко осигурување
– Туристичка такса: 5€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
-*Можност за организирана прослава за Новогодишната ноќ со фламенго шоу ( 90 евра ) – не е вклучено во пакет факултативи
– Факултативна посета на Толедо со локален водич и приватен трансфер – 110€
– Факултативна посета на Сеговиа и Авила со локален водич и приватен транфер 90 евра ) ( Влезници за во тврдината не се вклучени 10 еур по лице се плаќаат на лице место)
– Билети за превоз со метро
– Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
– Доплата за 1/1 соба – 289€
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на ЈК ТРАВЕЛ


