Куршумлиска Бања е сместена на околу 450 м надморска височина, во котлината на реката Бањска. Се наоѓа на 272 км од Белград, 73 км од Ниш, 78 км од Крушевац и 11 км од Куршумлија.
Куршумлиска Бања е позната по широкиот спектар на различни термоминерални води чии температури се движат од 14°C до завидни 67°C. Термоминералната вода која се користи во медицинскиот блок на хотелот “Планинка” и базените припаѓа на категоријата високо минерализирани, слабо-кисел натриум, хидрокарбонатни хипертеми. На гостите, во рамките на лекувањето, им е достапна и лековитата кал, направена во комбинација со термалната бањска вода, чиј изразен терапевтски ефект благотворно делува на ревматски заболувања.
Благодарение на уникатните карактеристики на термоминералните води, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Куршумлиска Бања:
Воспалителен ревматизам: ревматоиден артритис (фаза на ремисија), Бехтерева болест (почетен стадиум)
Дегенеративен ревматизам: спондилоза (осификација) на вратниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, дискарртроза, дискус хернија со или без радикулопатија (пр. лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија), гонартроза, коксартроза, остеоартроза на мали зглобови на рацете и нозете
Екстраартикуларен (вонзглобен) ревматизам: фиброзитис, тендинитис, бурзитис, епикондилитис („тениски“ и „голферски“ лакт)
Метаболички болести на зглобовите и коските: остеопороза, гихт
Сите видови спортски повреди
Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем (состојби по вградување на вештачки колкови и колена).
PLANINKA HOTEL
2025
Јануари
Април
Октомври
Март
Септември
Ноември
Wellness HB
65 €
73 €
69 €
Medical wellness
73 €
82 €
78 €
Сместување во двокреветна соба на услуга полупансион (појадок и вечера)
користење на отворен и за творрен базен, релакс базен со минерална вода
користење на велнес центар (парна бања, сауна, тепидариум, солена соба, релакс соба, ладна пештера)
користење на детска игротека, теретана и просторија за забава (билијард, пинг понг, пикадо
Доплати:
Еднокреветна соба: 9 € на ден
Комфорт соба: 5 € по лице на ден
Апартман 9 € по лице на ден
Дете до 7 год.бесплатно
Деца од 7-12 год. -50% попуст
ПАТУВАЈ НА РАТИ СО МИНТ КРЕДИТ
КУПИ ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Имате прашање?
Не се двоумете. Контактирајте не и ние ќе се погрижиме за Вашиот одмор од соништата.