Апартмани Гогов се наоѓаат во Калитеа, во самиот центар. Апартманите локациски се наоѓаат наспроти пешачката зона во Калитеа, каде има многу бројки продавници, таверни, ресторани итн. Лоцирани на 500м одалеченост од плажа, Апартманите Гогов располагаат со двокреветни и четворокреветни студиа, за 2 до 4 лица.
Двокреветните студиа 6 на број се со капацитет за 2 лица (еден брачен кревет) од кои 3 студиа со тераса , 3 студиа без тераса, тие ја користат терасата надвор во дворот, сите двокеревтни студиа се со опремена кујна и клима.
Студиа за 4 лица, 12 студиа со (еден брачен кревет и софа кревет за двајца)со тераса, опремена кујна и клима.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА НА ДЕН
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД.

Можност за превоз Секоја Сабота или секоја Недела, почнувајки од 18.05.2025
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
-Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
-Велес (БП Макоил Хотел Македонија) – 50еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Јк Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% , или промена на цената на горивото
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
-3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
-4:00 Скопје (Дрводекор)
-4:30 Велес (БП Макоил, Хотел Македонија)
-5:00 Неготино (БП Неготино)
-6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
-4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
-3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
-2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
-2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
-3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола