Будимпешта
Будимпешта / Нова Година ’26
Будимпешта
Дочекајте ја со нас најлудата ноќ во Будимпешта. Години наназад овој град претставува една од најпосетените новогодишни дестинации. И покрај најдобрата новогодишна забава, ќе ги посетиме и знаменитостите на овој прекрасен град. Замислете, над 1000 млади од целиот Балкан, предновогодишна журка, дочек на Новата Година и реприза на Нова Година на журка на брод! Се гледаме во еден од најдобрите градови во Европа за Нова Година 2026!
*Дадената цена е по лице.
За повеќе информации кликнете на името на сместувањето.
| Сместување | Тип на соба | 29.12.2025 – 03.01.2026 |
| Deep Guest House | 1/4
1/3 1/2 |
189€
199€ 205€ |
| Passzio Panzio | 1/3
1/2 |
209€
229€ |
| A&O Budapest City | 1/4
1/2 |
229€
249€ |
Цената на аранжманот вклучува:
* 3 ноќевања во избраното сместување;
* Автобуски превоз на релација – Скопје – Будимпешта – Скопје;
* Туристички пратител за време на патувањето;
* Организација за време на патувањето;
Цената на аранжманот не вклучува:
* Туристичка такса 1€ по лице на ден;
* Факултативни излети (журки);
* Индивидуални трошоци на патникот;
Факултативни излети
1.РАЗГЛЕД НА БУДИМПЕШТА
Будимпешта е еден од најубавите европски градови, а ние ви препорачуваме со нашите водичи да тргнете во разглед на овој прекрасен град – Булевар Андраши, Куќа на теророт, Операта, Базиликата Св. Стефан, Мостот Ержебет, Замокот Буда, Fisherman Bastion, Црквата Св. Матеја… Во цената се вклучени превозот и услугата на туристички пратител.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 15€
2.WELCOME PARTY
Будимпешта е позната по ноќниот живот, а ние одиме во клубот Downtown за да се загрееме за дочекот на Новата година. Темата на забавата е „Семафор журка“ – секој од патниците избира алка со одредена боја која го означува неговиот емотивен статус. Со нашиот диџеј, забавата е загарантирана. Во цената е вклучен превозот до клубот и од клубот до вашето сместување, како и ваучер во вредност од 2000 форинти кој можете да го искористите на шанкот во клубот.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 20€
3.СЕНТ АНДРЕА
Сент Андреја била исклучително значаен културен и верски центар на Србите, а денес за нивното присуство сведочат многубројни убави цркви, куќи, улици и ресторани. Денес овој град е популарен туристички центар кој го посетуваат туристи од сите краишта на светот.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 20€
4.ВИЕНА
Градот кој бил средиште на Европа, интелектуален и културен центар, град на уметноста и историјата. Неколку пати е прогласуван за град со најидеални услови за живот во Европа. Во време на новогодишните празници Виена е прекрасно украсена, а ние ве покануваме да ги откриете убавините на овој град. Во цената се вклучени превозот и услугите на водич.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 20€
5.ЖУРКА НА БРОД
„Кралицата на Дунав“ има една од најубавите речни обали во цела Европа, а ноќе, кога архитектонските бисери блескаат во својот полн сјај, Будимпешта е најубава за разглед низ реката. Забавата ја организираме на најголемиот брод во Будимпешта, кој може да прими 1000 луѓе, што гарантира одличен провод со наша музика и незаборавно искуство кое може да се доживее само еднаш годишно. Во цената се вклучени превозот, целосната организација на забавата и крстарењето по Дунав. Приближното времетраење на забавата е 3 часа.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 30€
6.ШОПИНГ ДЕН
Недалеку од Будимпешта се наоѓа шопинг центарот Kampona и OUTLET Premier, кои се најпопуларни и меѓу туристите и меѓу локалното население. Она што особено придонесува за оваа популарност е Тропикариумот, кој се наоѓа во трговскиот центар Kampona. Целиот подводен свет – вклучувајќи ајкули, ражи, различни видови риби и растителен свет – ќе се отвори пред вас. Во цената е вклучен превозот. Цената на влезницата за Тропикариумот не е вклучена во цената на излетот.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 15€
7.ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА
Најлудата ноќ ја поминуваме во клубот Downtown. Со нашиот диџеј ја испраќаме старата и ја дочекуваме Новата година. Клубот има повеќе простории, една е резервирана само за нас, а доколку посакате, можете да прошетате и до другите делови. Во цената се вклучени превозот до клубот и назад до сместувањето (чекпоинтот), ваучер за пијалок во вредност од 12,5 евра кој можете да го искористите на шанкот, како и влезот во клубот.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 50€
____________________________________________________________________________________________
ПАКЕТИ
1.PUZZLE ПАКЕТ
* РАЗГЛЕД НА БУДИМПТЕШТА (15€)
* ШОПИНГ ДЕН (15€)
* WELCOME PARTY (20€)
(ВАУЧЕР ЗА ПИЈАЛОК ВО ВРЕДНОСТ ОД 5€ )
* ЖУРКА НА БРОД (30€)
* ПРЕВОЗ ДО ЦЕНТАРОТ И НАЗАД (10€) …… TOTAL: 90€
ЦЕНА НА PUZZLE ПАКЕТ: 65€ (заштеда 25€)
2.PUZZLE NEW YEAR ПАКЕТ
* РАЗГЛЕД НА БУДИМПЕШТА (15€)
* ШОПИНГ ДЕН (15€)
* WELCOME PARTY (20€)
(ВАУЧЕР ЗА ПИЈАЛОК ВО ВРЕДНОСТ ОД 5€ )
* ЖУРКА НА БРОД (30€)
* ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА
(ВАУЧЕР ЗА ПИЈАЛОК ВО ВРЕДНОСТ ОД 12.5€ И ВЛЕЗ ВО КЛУБОТ ) (50€) …… TOTAL: 130€
ЦЕНА НА PUZZLE NEW YEAR ПАКЕТ: 100€ (заштеда 30€)
ПРОГРАМА:
29.12.2025 (понеделник) Скопје – Будимпешта
Состанок на групата пред Хотел Русија во пладневните часови. Дневно и ноќно возење низ Македонија, Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.
30.12.2025 (вторник) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. По пристигнувањето одиме во посета на Плоштадот на Хероите и градскиот парк. Слободно време. Во попладневните часови се сместуваме. Слободно време. Во вечерните часови се упатуваме кон првата ноќна журка. Враќање во сместување. Ноќевање.
31.12.2025 (среда) Будимпешта
Во утринските часови, факултативна посета на Будим и Пешта. Започнуваме од Будим (Fisherman Bastion, Црквата Св. Матеја, стариот дел од градот и замокот Буда)… По посетата се упатуваме кон Пешта каде ќе ги посетиме (парламентот, улицата Ваци, Базиликата на Св. Стефан и Белградскиот кеј)… Слободно време. Враќање во сместување. Се упатуваме кон втората ноќна журка (дочек на нова година). Ноќевање.
01.01.2026 (четврток) Будимпешта
Можност за факултативна посета по избор (Виена или Сент Андреа). Слободно време. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Се упатуваме кон третата журка (реприза од нова година – журка на брод, крстарење) каде ни се придружуваат патници од другите дестинации. Враќање во сместување. Ноќевање.
02.01.2026 (петок) Будимпешта – Скопје
Напуштање на сместувањето. Факултативна посета на шопинг центарот Campona и Outlet Premier. Во вечерните часови се упатуваме кон Македонија.
03.01.2026 (сабота) Скопје
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
* Нема намалување на цената за сопствен превоз;
НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.
* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.
* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.
* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).
* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.
* Организатор на патувањето е туристичката агенција ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).
* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000 € во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје и ЈК ТРАВЕЛ

