АТИНА
АТИНА – 8 ми ДЕКЕМВРИ
Атина – главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град, додека старогрчка Атина била моќен град-држава, родно место на Сократ, Перикле и Софокле. Со историја долга повеќе од 3.400 години, градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите како Сунион, Акропол и Партенон ќе ве одведат на патување низ времето и ќе ве воодушеват со својата големина.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11.2025 – 159 €
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 €
-
-
ПРВ ДЕН – 05.12.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – АТИНА
-
Состанок на групата во 19:30 часот од Дрводекор. Поаѓање за Атина во 20:00 часот. Патот води преку Велес, Прилеп и Битола. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
-
-
ВТОР ДЕН – 06.12.2025 (САБОТА) АТИНА
-
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Следува панорамско разгледување на градот: плоштадот Омониа, плоштадот Синтагма со Парламентот и свечената стража на Евзоните, Олимпискиот стадион, храмот на богот Зевс, Хадријановата порта, споменикот на Бајрон, Националната библиотека и Универзитетот. Потоа, посета на прочуениот Акропол – зданието посветено на божицата Атина. Потоа слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договореното време – сместување во хотел. Ноќевање.
-
-
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2025 (НЕДЕЛА) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
-
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Посета на Коринтскиот канал, Епидавр – родното место на богот Асклепии со најубавиот антички театар, Нафплио – првата столица на новата Грчка држава и Микена – градот на цар Агамемнон. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
-
-
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) АТИНА – СУНИОН – СКОПЈЕ
-
По појадокот – одјавување од хотел и факултативен излет кон Пиреја и Сунион, најјужниот ’рт на Медитеранот, каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Слободно време за разглед и индивидуални активности. По завршување на екскурзијата, тргнување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 09.12.2025
Во цената е вкучено:
– Автобуски превоз
– Сместување во хотел 3*,во центарот на Атина на база 2 ноќевања со појадок
– сместувањето е во двокреветни, трокреветни или еднокреветни соби
– Панорамски разглед на Атина со водич
– Туристички придружник за време на целото патување
– Организиран превоз од Велес, Прилеп, Битола
Во цената не е вклучено:
Факултативни излети: (се плаќаат во агенција)
– Факултативна посета на Пелопонез (Нафплио, Епидариус и Микена) – 45 € (влезниците не се вклучени: Епидариус 12 €, Микена 12 €)
– Посета на Пиреја и Сунион – 30 €
– Влезница за Акропол со локален водич – 40 €
– Туристичка такса – 5 € по лице
– Пакет факултативи (Пелопонез + Пиреја + Сунион + Акропол) – 90 €
– Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70 евра
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ЈК ТРАВЕЛ





