Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ.
Ресторанот нуди богат избор на исклучителни специјалитети од морска храна и традиционални јадења.
Уште едно одлично место. За сите кои сакаат да се освежат имаодличен базен.
Тој е идеален за подобрување на вашата кондиција, за забава или само за освежување на крајот од денот. Уште една можност за релаксација нуди и нашето џакузи.
За сите вас кои сакате спортски активности, ние имаме целосно опремен фитнес клуб за рекреација.
Во хотел Бистра можете максимално да се релаксирате со нашата сауна. Пространата сауна ви е на располагање за одмор, релаксација и разговор, Хотел Бистра располага и со игротека за најмладите гости.
ЦЕНИ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН , ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ 62МКД
ХОТЕЛ СПОРТ
Хотелот Спорт се состои од две згради со 28 Делукс гостински соби, 4 апартмани, ресторан и бар. Сите соби се опремени со приватна бања, сателитски ТВ приемник и директна телефонска линија. Хотелот Спорт обезбедува најповолно сместување во ски центарот Маврово, преку целата година. Во пријатниот ресторан, ви нудиме голем избор од исклучителни морски специјалитети, голем избор од интернационални специјалитети и традиционални македонски јадења. Ако не сте риболовец, но сепак уживате во се што доаѓа од морето, повелете. Широк избор на јадења од земјата, подготвени за вас. Добра храна и вино за уживање во секое годишно време…
Придружете ни се во нашиот бар, во моментите на релаксација. Ќе имате можност да сретнете нови луѓе и да поминете квалитетно време со вашите пријатели.
ЦЕНИ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН – ХОТЕЛ СПОРТ