Рим
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Сите патишта водат кон Рим, е позната изрека, но и добар предлог за вашата следна Европска метропола… Историјата на Рим е богата и бурна, почнувајќи од приказната за за Ромул и Рем и како e создаден овој град на 7 ридови, градот има повеќе од 900 цркви… Пантеон бил најголемиот црковен храм сè до средината на 15, а главно седиште на папата била црквата Свети Јован Латеран… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, со базиликата на Свети Петар и музеите во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа,… Шпанските скали…
30.12 СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 19.00 часот. Лет за Рим во 21.15 часот. Слетување во Рим во 23.00 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино. Сместување во хотел со локален превоз. Ноќевање.
31.12 РИМ
Појадок. Разглед на град, пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуит, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција… плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Во вечерните часови, придружувани од водичот на групата, посета на еден од плоштадите за дочек на НОВАТА 2024 ГОДИНА. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.
01.01 РИМ
Појадок. Организирана прошетка низ центарот на Рим, посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи… Пауза за ручек. Во попладневните часови посета Пантеон, каде во околните ресторанчиња владее роматична атмосфера, мириса на прекрасна храна и се пие популарниот апреол. Најпрепознатливите одбележја на градот, локации кои мора да се посетат во РИМ, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање… а веднаш потоа “дневна соба на градот” или Шпанските скали. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
02.01 РИМ – ВАТИКАН – СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме (факултативно) посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Слободно време за индивидуални прошетки. Организиран трансфер (околу 20.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 23:35 часот. Пристигнување во Скопје во 01.20 часот.
Цена за рана уплата до 15.11: 549€ / 34.040 мкд
Цена на аранжманот 599€ / 37.140 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
– Аеродромски такси
– Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел 3* на база ноќевања со појадок
– Разглед на Рим со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Ø Туристичка такса 1.390 мкд (се плаќа во агенција)
Ø Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
Ø Карти за локален превоз (метро)
Ø Патничко – здравствено осигурување
Ø Доплата за еднокреветна соба 9.300 мкд
Ø Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница – задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра
Организирана прошетка низ центарот на Рим 20 евра
Напомена:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
– За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН ТРАВЕЛ СЕРВИС и ЈК ТРАВЕЛ