Куба
Замислувате некој остров? Прва помисла – тишина и сино небо над палмите на ненаселен остров на Карибите. Тогаш се појавува и насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури за еден магичен живот. Одиме на Куба!
Куба оваа сезона ќе ја работиме на три начини и тоа со поаѓање од Скопје!
Куба Акција
Една од нашите омилени програми за Куба. Се сместуваме во Хавана, 8 ноќевања и тоа во Casa Particulares или бутик хотелот La Maestranza. Casa Particulares се куќи во кои живеат Кубанци – луѓе со неверојатен дух и позитивна енергија. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет кои се исклучително чисти поради тоа што издавање на овие “соби“ е единствениот приход на нашите домаќини кои се трудат секој аспект од нашето патување да ни го направат поубав. La Maestranza е мал бутик хотел во срцето на Old Havana, декориран во автентичен кубански стил и се наоѓа на само неколку чекори од Bodeguita del Medio, главната катедрала и централниот парк во Хавана.
Со Хавана како база, го истражуваме овој неверојатен остров во кој ќе се чувствуваме како со временска машина да сме се вратиле низ времето. Ги посетуваме сите важни знаменитости на Хавана. Во близина на Хавана (околу 15 километри од центарот) се наоѓа познатата плажа Playa del Este, или Santa Maria del Mar, која излегува на истиот брег на Карипско море, каде што излегува и Варадеро. Бел песок, палми и тиркизна вода. Тука ги поминуваме деновите кога сакаме да бидеме на плажа. Факултативно го посетуваме и Варадеро – најпознатото летувалиште на Куба, како и Виљалес – долината на тутунот, каде учиме како се произведуваат познатите Кубански пури. Навечер излегуваме во локални клубови во Хавана, каде пиеме коктели и играме салса. А сите авантуристи не смеат да пропуштатат ziplining низ бујните шуми и прекрасното езеро во Las Terrazas — искуство кое ќе го паметите цел живот!!
Куба Хедонизам – Хавана и Варадеро
Програма дизајнирана за сите оние кои сакаат поголем комфор.
Во првиот дел од патувањето сме сместени во Хавана, во Boutique Hotel или Casa Particulares. Ги посетуваме сите знаменитости на Хавана, се возиме со кабриолети и пиеме Мохита и Даикири во местата каде што одел и Хемингвеј. Пиеме рум во Хотел Национал во Хавана, каде во 1946-та година е оддржан првиот “Мафијашки самит“, предводен од Лаки Лучиано. Одиме во Виљалес – долината на тутунот и шетаме низ неверојатно “живописните“ улици на Хавана. Се враќаме низ времето…
Патувањето го продолжуваме во Варадеро, сместени на база All Inclusive во Хотели со 4*. Коктели, бел песок, палми и тиркизното Карипско море. Денови наменети за комплетен одмор и полнење на батерии! Дали знаевте дека Варадеро две години по ред е прогласена за најубавата плажа на #целсвет од Tripadvisor! Во Варадеро посетуваме фарма со крокодили, и се дружиме со делфини! А потоа како вистински пирати од Карибите пловиме со катамаран по тиркизното море и го посетуваме еден од најегзотичните острови на Куба!!!
Куба – Хавана, Тринидад и Варадеро
Програма дизајнирана за сите кои сакаат да ја доживеаат вистинската Куба. Патуваме во најегзотичните краеви, ги посетуваме најегзотичните плажи, го посетуваме градот каде што завршила кубанската револуција и буквално доживуваме СÈ што овој магичен остров има да ни понуди!
Нашата авантура ја започнуваме во Хавана, се сместуваме во најавтентичните Casa Particulares. Сместување во Casa Particulares е автентично искуство кое ќе го памтите цел живот каде љубезните локалци ни раскажуваат приказни за Куба, какви што сме слушале за Југославија, нè учат Шпански и ни спремаат коктели :). Во Хавана ги посетуваме најпознатите туристички места, но истражуваме и квартови во кои нема туристички атракции, места каде живеат Кубанци и во кои владее неверојатна атмосфера… Нашиот претставник, дечко или девојка од Македонија кој буквлано живее на Куба ве носи во мали салса кафулиња во кои влегуваат улични музичари и бендови и свират додека публиката ги бодри со насмевки, аплаузи или песоси. А како јаготка на жлагот до сите места кои ги посетуваме се возиме во олд тајмери — искуство кое ќе го паметите цел живот!!!
Нашата авантура ја продолжуваме во Тринидад и повторно се сместуваме во Casa Particulares. Нови локалци, со нови уникатни искуство, а кои прават подобри коктели оставаме на Вас да оцените! Тринидад е најфилмското место во Куба — стари куќи и камени улици во колонијален стил. Викенд пазар на кој се дели бесплатно пиво на локалци, но понекогаш и на туристи. Посетуваме некои од најстарите барови во Куба, танцуваме со насмеаните локалци. Пловиме со катамарани по карибите, се плажираме, го посетуваме местото каде што завршила кубанската револуција и уживаме во Карипскиот рај. Од Тринидад посетуваме и некои од најубавите плажи на карипското море — Playa Ancon и островот Cayo Blanco! А дали сте слушнале за Santa Clara, градот каде што завршила кубанската револуција и каде се наоѓа мавзолејот на Che Guevara!!
А дали има подобар начин да се заврши оваа незаборавна авантура од уживање на најубавата плажа на #целсвет? НЕ! Па затоа на крај се “селиме” во Варадеро — прекрасна плажа со прашкаст бел песок и тиркизното карипско море. Спиеме во хотел со 4* на база All Inclusive! Пиеме многу коктели, јадеме превкусна традиционална кубанска храна и буквално полниме батерии!!!
Viva la Cuba!
Поаѓање: 19.04. 2024. – 10 Денови – 1.549EUR,00сега од1.349EUR,00
Поаѓање: 05.05. 2024. – 12 Денови – 1.799EUR,00сега од1.549EUR,00
Поаѓање: 26.05. 2024. – 15 Денови – 1.799EUR,00сега од1.599EUR,00