Кипар 08.10.2025
Есенски одмор на сончевиот Кипар-
Ден 1
08.10.2025 (среда) Битола – Солун (аеродром) – Ларнака – Аја Напа
Поаѓање во 09:30 часот од Битола (паркинг на Спортска сала) за Солун, патот води преку граничен премин Меџитлија/Ники. За патниците со сопствен превоз, состанок на аеродром во Солун 14:30 часот локално време (или 13:30 часот мкд време). Летот Солун –Ларнака е во 17:00 локално време (16:00 мкд време) Пристигнување во Ларнака 19:00 часот. Организран приватен трансфер за нашата група од аеродром до хотелот во Аја Напа. Сместување. Време за слободни активности. Ноќевање.
Ден 2
09.10.2025 – целодневна посета на плажата Nissi Beach (опис)
Појадок, предлог програма: Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода, од каде со пешачење може да стигнете до многу мало, ненаселено островче, од каде има убав, панорамски поглед на целиот Ниси залив. Оваа плажа е најпопуларна меѓу младите туристи заради целодневни забави со диџеи кои имаат различен репертоар, а една од најпопуларните забави е пена забавата. Ноќевање.
Ден 3
10.10.2025 – предлог крстарење
Појадок, предлог програма: Во принцип крстарењата се полудневни (околу 4-5 часа) и цените се движат од 30 евра по лице (без храна и пијалоци) до 45/50 евра со вклучен ручек. Предлог тура и брод – Black Pearl – blackpearlayianapa.com (Ayia Napa: Blue Lagoon & Turtle Cruise with Optional Lunch) Ноќевање.
Ден 4
11.10.2025 – посета на Makronissos Beach
Појадок. Оддалечена околу 5 км од Аја Напа, (7-8 мин во возење со локален превоз) Откријте ја спокојната убавина на плажата Макронисос, скриен скапоцен камен кој се состои од два различни брега под едно име. Првиот, раздвижен рај, го пречекува живиот морски ветер, додекавториот нуди поинтимно и помирно одморалиште. Оценет од локалното население како врв на кипарскиот крајбрежен шарм, Макронисос се слави по недопрените бели песоци и кристално чистите води. Ноќевање.
Ден 5
12.10.2025 – предлог тура, посета на Никозија (со локален водич на англиски јазик)
Појадок. Факултативна посета на Никозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Разгледот започнува со посета на црквата Св. Лазар, патот продолжува кон манастирот Св. Текла. Прошетка низ еден од најпознатите булевари Палма и центарот на Ларнака. Пристигнување во Никозија, посета на катедралата Св. Јован и Торањот, прошетка низ градот познат по автентични продавнички, ресторани, пазари, слободно време за шопинг или ручек во некои од многубројните кафани. Продолжуваме кон центарот на Никозија каде е зелената линија и познатиот ѕид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Посета на црквата Аја Фанеромени, слободно време. Посета на катедралата на Св. Џона и статуата на независен Кипар. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
Ден 6
13.10.2025 (недела) Кипар – Солун – Македонија
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и поаѓање со организиран трансфер кон аеродромот во Ларнака. Пристигнување во Солун. Организиран трансфер и поаѓање кон Битола. Крај на програмата.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – 569ЕУР
Во цената Е вклучено:
Авионски билети (Солун-Ларнака-Солун) со Wizz Air
Рачен кабински багаж (40x30x20)
Сместување во хотел со 3 * www.nicholascolorhotel.com (5 ноќевања со појадок)
Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe.
Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативни екскурзии – на лице место во Аја Напа
Патничкото осигурување (околу 300 ден. – по лице);
Личен трошок на патникот.
Туристичка такса 2 евра од вечер по лице
Гратис вечера за резервации направени до 01.10.2025
За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено. Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот – аванс. Остатокот од аранжманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.
За оваа програма важат условите на Т.А Турист Битола и ЈК Травел

