Велигден на Крф
Крф за Велигден – Сигурна реализација
Термин: 02.05 – 06.05.2024
Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден на медитеранот е на островот Крф. Посетители од цела Грција, но и светот доаѓаат токму тука за да ја доживеат уникатната прослава на овој остров. Главните случувања се одвиваат во градот Крф на Велика сабота, кога се изнесуваат моштите на Светецот Спиридон и свеченото фрлање на ќупови од зградите на плоштадот Спианада. Ова е една од најтрогателните прослави на Велигден во светот, каде точно на полноќ со огромен огномет се означува Христовото Воскреснување.
Бидете дел од оваа несекојдневна прослава на островот Крф. Програмата е посветена на одбележувањето и прославата на Велигденските празници и целата магија на островот, па затоа за Вас обезбедивме хотелско и апартманско сместување кое е најблиску и најпристапно за нејзино следење.
ПРОМО ЦЕНА за апартманско сместување 129 евра до 15.02, редовна цена 149 евра.
ПРОМО ЦЕНА за хотелско сместување 179 евра до 15.02, редовна цена 199 евра.
Собиралишта Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Три ноќевања во приватни вили на Ипсос или Дасиа или хотел Victoria Hill во Дасиа со појадок – ЛИНК ОД ХОТЕЛ – https://victoriahill.gr/
- Автобуски превоз
- Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
- Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (2 посети на градот)
- Панорамски разглед и прошетка во градот Крф
- Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 1,5 евро од ден по соба
- Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис – 20 евра (аквариум опционално 7 евра)
- Посета на видиковецот Канони и Mouse Island или Понтикониси (црквата Пантократор), мало островче, како и црквата Panagia Vlaherna.– 20 евра
- ПАКЕТ за двете факултативи – 35 евра по лице
- Задолжително патничко осигурување – 300 денари по лице
- Индивидуални трошоци
- Апартманско сместување:
- Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос или Дасиа.
- Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
- Секоја соба ќе биде опремена со постелнина и ќебe
- Агенцијата не гарантира дека секој апартман има ви –фи интернет
- Климата се употребува по желба (со доплата)
Хотелско сместување:
- Хотелот се наоѓа во местото Дасиа
- Во понудата има вклучено појадок
- Собите се класично хотелски и немаат кујна
- Постојат дво, тро и четворокреветни соби
- Климата се употребува по желба (со доплата)
- Хотелот има ви – фи интернет, но не гарантираме за квалитетот на истиот
ПРОГРАМА:
02.05.2024 (четврток)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата кај хотел Континентал околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.
03.05.2024 (петок)
ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местата Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Некаде околу 17 часот започнува официјалниот дел од програмата, каде групата се упатува кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Во меѓувреме, ќе уживаме во присуството на хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок, заедно со звуците на филхармониските ги свират “Adagio” од Албиниони, “Посмртниот марш” од Шопен. Со овие тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика се одбележува токму Христовото страдање. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот.
По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.
04.05.2024 (сабота)
ТРЕТ ДЕН: Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнувањето на следење на вториот дел од свечената традиција. Првата поворка, првото Воскресение започнува веќе во 09 часот наутро, каде под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
Веќе во 14:00 часот се враќаме во Ипсос и Дасиа, каде има слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот, кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет, кој привлекува илјадници туристи, но и жители од целиот остров.
05.05.2024 (недела)
ЧЕТВРТ ДЕН: Некаде околу 11 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.
Некаде по попладневните часови се враќаме во сместувачките капацитети и следува слободно време. Ноќевање.
06.05.2024 (понеделник)
ПЕТТИ ДЕН: Во договорено време, во утринските часови, одјавување од апартманите, а групата се упатува кон местото Канони (факултативно). Канони е местото со најубавиот видиковец и поглед кон островот на Глувчињата, црквата Влахерна, а од десната страна има поглед кон еден од најмалите комерцијални аеродроми во Европа. Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави. Тука ќе се задржиме околу еден час, а потоа со традиционално грчко бродче се упатуваме кон интересното островче Mouse Island или Понтикониси (црквата Пантократор), како и црквата Panagia Vlaherna, каде ќе има доволно слободно време за истражување на местото.
По завршувањето на разгледот, се упатуваме кон пристаништето, каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.
НАПОМЕНИ:
- За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
- Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
- Деца од 0-03 години – бесплатно
- Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
- Седиште на барање се доплатува по желба 10 евра по лице
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Грција.
- Пасошот треба да се со минимум 3 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
- Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
- Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
- За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
- Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- Организаторот не може да влијае на сместувањето во апартманите. Распределбата на собите се врши при пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата, но не гарантира за исполнување на истите.
- Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
- Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
- Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
- Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел и ЈК Травел