Будимпешта авио
Будимпешта-Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас. Будимпешта е посебно убава во пролет кога времето е убаво и природата почнува да се буди, прекрасните паркови и термалните води на оваа европска престолнина кој се во непосредна близина.
Програма
1 ден 06.03.2024 (среда) Битола- Скопје – Будимпешта
Состанок на групата со организиран трансфер од Битола во 16.30 часот. Трансфер до аеродром Скопје. Состанок со групата на аерододром Скопје во 19.00 часот. Лет за Будимпешта со Wizzair W6 2230 20:55 SKP – 22:20 BUD. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање1.
2 ден 07.03.2024 (четврток) – Будимпешта разглед-Ноќна прошетка-Чардаш
Појадок. Oрганизиран панорамски разглед на градот со професионален туристички водич (вклучен во цена): плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес. Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство. Во договорено време враќање во хотел. Слободна вечер. Можност за организирана посета на традиционален ресторан со чарда музика (факултативно 40 еур). Ноќевање 2.
3 ден 08.03.2024 (петок) Будимпешта– Сент Андреа- Крстарење по Дунав
Појадок. Слободен ден за прошетка и шопинг. После појадокот, можност за факултативна посета (60 еур) на Сент Андреа- сликвитото гратче на брегот на Дунав, каде ќе можеме да видиме живописното место во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви (факултативно 60 Еур). Ќе имаме можност да го вкусиме лебот Лангош, како и да го посетиме музејот на керамика Маргит Ковач или пак музејот на марципанот… Вечерта можност за факултативно (25 Еур) крстарење со брод на Дунав со вклучен еден пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање3.
4 ден 09.03.2024 (сабота) Будимпешта – посета на Бања Сечении
Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг. Можност за факултативна организирана екскурзија до Бањите Сечении (пешки или со јавен транспорт). Сместен е во необароктна палата во градскиот парк Будимпешта, Сечении е најголемиот бањски комплекс во Будимпешта. Изградена во 1913 година, оваа извонредна локација (15 мин од нашиот хотел) е дом на 15 затворени базени и три огромни отворени базени, со различни температури. Консултирајте се со мапа за да го искористите времето во бањите, бидејќи комплексот сличен на лавиринт може да биде малку незгодно за навигација. Во внатрешноста ќе најдете сауни, парни соби, опрема за аква фитнес, джакузи и млазни масажери како и однадвор можете да се одморите во базени загреани до 33 ° C и 38 ° C или да пливате во главниот базен . Термалната вода е висока со калциум, магнезиум и хидроген карбонат и се вели дека ја олеснува болката во зглобовите и артритисот и ја подобрува циркулацијата на крвта. Szechenyi е отворен во текот на целата година и локалните жители играат шах на подвижни табли на работ на базенот и на дожд и снег. “Спартации” (спа забави) се одржуваат во повеќето саботи вечер до 3 часот наутро во текот на летото и се карактеризираат со диџеи, ласерски претстави и филмски проекции. Слободно време. Ноќевање4.
5 ден 10.03.2024 (недела) Будимпешта- слободен ден и шопинг – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно претпладне за прошетка и шопинг. Слободен ден за индивидуални активности и можност за посета на најдобриот шопинг центар во градот Арена Мол https://www.arenamall.hu/en/. Поаѓање за аеродром во 19.00 часот и лет за Скопје W6 2229 22:50 BUD – 00:20 SKP Пристигнување во Скопје после полноќ. Трансфер по градови.
Цена на аранжманот: 399 евра/ 24,738 мкд
Цена во претпродажба до 31/01/2024: 371 Еур/ 23,000 денари
Еднокреветна соба 459 Еур. Деца 2-12 години 359 Еур.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– авионски превоз со Wizzair на релација Скопје-Будимпешта РТ , (рачен багаж 40 х 30 х 20 cm 10kg)
– сместување во хотел 3* на база 4 ноќевања со појадок во Будимпешта (Star City Hotel3*)
https://www.mellowmoodhotels.com/hotels/star-city-hotel/
– панорамски разглед на градот со професионален водич
– придружник од агенцијата за време на патувањето,
– организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– крстарење со брод по Дунав – 25 евра
– екскурзија на Сент Андреа – 60 евра
– чарда ресторан со традиционално мени, вино и фолклор-40 еур
– посета на бања Сечении во Будимпешта 25 Еур
– патничко осигурување-300 денари
– задолжителна туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
– сет карти за јавен транспорт по избор
– трансфер од: Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци (Црна река), Велес 15 Еур (повратно)
Препорачуваме:
– посета на врвен ресторан во близина (потребна резервација) https://www.paprikavendeglo.hu/angol/index.html
– шопинг центар во близина https://www.arenamall.hu/en/
– фолклор ресторан Szeged Vendeglo https://www.szegedvendeglo.hu/
– летање со балон https://ligetbudapest.hu/en/renewed-varosliget/balloonfly
– посета на термална бања https://www.szechenyibath.hu/
– сликовито гратче Сентандре
https://www.offbeatbudapest.com/budapest-city-guide/best-things-to-do-in-szentendre-hungary/
– музеите во Будимпешта
https://www.timeout.com/budapest/things-to-do/best-museums-in-budapest
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.