Божиќно село во Трикала
НА ВАШЕ БАРАЊЕ секоја недела посета на божиќното село во ТРИКАЛА
Датуми на планирани посети:
*17.12.2023 & *24.12.2023
Барем на еден ден да си дозволиме да живееме во светот на фантазиите, да ја почувстуваме божиќната магија, ќе ја посетиме куќата на Дедо Мраз, фабриката за чоколади и колачиња, ќе го вкусиме прекрaсното греено вино, ќе одиме и во работилницата за изработка на икони во Метеори….
Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу изненадувања, забава и среќa..
Програма:
Собир на групата на Дрводекор. Планирано поаѓање од Скопје 05:00. Патуваме преку граничен премин Богородица. Попатно застанување во Велес, Неготино и Гевгелија. Пристигнување во Трикала. Слободно време за прошетки, фотографирање и уживање во прекрасниот амбиент. Во договор со водичот собир со групата и поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена по лице 1800 мкд
Цена за деца до 12год: 1600мкд
НАПОМЕНА:
ВЛЕЗНИЦА ВО МЕТЕОРИ 3€, задолжително носење на здолниште за влез во манастирите бидејќи истата е со наплата
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
– Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
– Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
– Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места)
– За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.
– Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
– Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
– Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
– Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ и ЈК Травел


