Геракини — Идеално место за истражување на најубавите плажи на Ситонија

Геракини е прекрасно крајбрежно место на самиот почеток на Ситонија. Песочна плажа, тиркизно море, таверни покрај брегот — сѐ што ви треба за мирен и пријатен одмор.

Од Геракини, само за неколку десетици минути со автомобил, можете да стигнете до најубавите плажи на Ситонија:

 

Никити — 35 км (околу 35 мин.) — шармантно гратче со долга песочна плажа и убава стара чаршија.

Ормос Панагиас — 45 км (околу 45 мин.) — мал живописен залив, од каде тргнуваат бродовите за Атон.

Кариди — 55 км (околу 1 ч.) — волшебна плажа со бели карпи и тиркизно море.

Каламици — 70 км (околу 1 ч. и 15 мин.) — долга песочна плажа со тиркизно море.

Tigania Beach — 70 км (околу 1 ч. и 15 мин.) — скриено мало рајско заливче, познато по егзотичниот амбиент, лежалки на самата карпа и уникатно доживување.

Сарти — 75 км (околу 1 ч. и 20 мин.) — една од најдолгите и најубави плажи на Ситонија.

Сикиа — 80 км (околу 1 ч. и 30 мин.) — мирна и убава плажа со поглед кон Атон.

Во Геракини ќе најдете сѐ што ви треба за пријатен престој — од убави сместувања и добра храна, до совршена локација за оние кои сакаат секој ден да откриваат нови убавини.

🛏️ Препорачано сместување во Геракини:

🏡 Вила Декавил – совршена за семејства, со просторен двор и пријатна атмосфера
🏡 Mega House – модерно уредени апартмани, идеални за поголеми друштва и семејства
🏨 Хотел Апарт Декавил – хотел со комфорни соби и одлична локација, блиску до сѐ што ви треба

📌 Сместете се во Геракини и секој ден уживајте на различна плажа. Спакувајте ги куферите – Ситонија ве чека!

Loading...