Прв лет Скопје – Мадрид

Од денес, Скопје добива воздушна врска со Мадрид преку директна авионска линија, овозможена од нискотарифната авиокомпанија „Виз ер“.

Инаугуративниот лет е закажан за попладнево во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје. На аеродромот, по тој повод, прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Авионите од Скопје до Мадрид ќе сообраќаат секој вторник, петок и сабота. Дополнително, од аеродромот во Скопје денеска повторно се воспоставуваат летови до Ларнака, со планирани термини секој вторник и сабота.

Вчера, Скопје беше поврзан со авионски линии до Стокхолм и Бари, додека Охрид доби линија до Базел. Овие летови се реализираат од страна на „Виз Ер“ со финансиска поддршка од Владата.

Loading...