„Од 3 мај започнуваат летовите Скопје-Барселона и Скопје-Лион“

Од 3 мај, меѓународниот аеродром Скопје ќе започне со нови летови за Барселона и Лион. Летовите ќе ги извршува Виз Ер со финансиски субвенции од Владата. Летот за Барселона ќе биде двапати неделно, во вторник и сабота, додека летовите за Лион ќе бидат трипати неделно: во вторник, четврток и сабота.

Првиот лет од Скопје за Барселона ќе биде на 3 мај во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи. Враќањето на линијата Скопје-Барселона по три години пауза е резултат на заедничката соработка на Владата и Виз Ер.

Лион, кој е под заштита на УНЕСКО и познат по својата гастрономија и кинематографија, ќе биде нова дестинација за патниците од Македонија. Планирани се и нови линии за Прага, Мадрид, Ларнака, и продолжување на врските со шпанското и италијанското крајбрежје.

Летот Скопје-Дубаи, кој беше најавен за март, е одложен за наесен.

Loading...