Крстарење од соништата низ Егејот

ICONIC AEGEAN Celestyal DISCOVERY – Крстарење од соништата низ Егејот

Подготвени сте за мини одмор кој ќе ви го наполни срцето со сонце, историја и магични залези на сонце?  Со крстарењето ICONIC AEGEAN Celestyal DISCOVERY ве очекуваат 4 дена / 3 ноќи исполнети со авантура низ некои од најубавите дестинации во Грција и Турција.

 Рута:

Атина – Миконос – Кушадаси – Патмос – Крит – Санторини

Крстарењето започнува од Атина (прист. Лаврио), и продолжува со:

Миконос

Миконос е синоним за стил и забава. Прошетајте низ тесните  улички со бело-сини куќички и уживајте во коктел додека сонцето заоѓа зад бутиките и луксузните барови на Литл Венеција.

Кушадаси (Турција)

Овој шармантен турски град е порта кон античкиот Ефес – еден од највеличествените археолошки локалитети во светот. Препуштете се на ориенталниот шарм на базарите и топлината на локалната култура.

Патмос

Остров на тишина и духовност, познат по пештерата каде што св. Јован го напишал Откровението. Прошетајте низ белите улици и посетете го манастирот на св. Јован Богослов.

 Крит (Ираклион)

Најголемиот грчки остров плени со комбинација од планини, плажи и историја. Истражете го Кносос, митскиот дворец на кралот Минос  или едноставно уживајте во гостопримството и кујната на Крит.

 Санторини

Ова е дестинацијата од разгледниците – драматични карпи, куќички со сини куполи и легендарни залези на сонце. Идеално место за романтика, фотографии и дегустација на вино во некоја локална винарија.


 Што вклучува крстарењето:

✔️ 3 ноќевања на модерен крузер со all-inclusive услуга
✔️ Оброци, активности и вечерни забави
✔️ Пристанишни такси и организирани излети (по избор)


 Планирај го твоето совршено бегство во 2025!

Совршено за брз одмор, романтично патување или авантура со пријателите. Заплови со Celestyal и доживеј ја Егејската бајка.

Loading...