Грција веќе подолго време е на првото место кога е во прашање изборот за одмор на Македонците.
Цените на сместување во Грција оваа летна сезона зависат од дестинациата која сакате да ја посетите, близината до морето, видот на сместување, сезоната и други фактори.
Цената на хотелското сместување, пример зависи од бројот на ѕвезди, сезоната, локацијата и понудата. Генерално, хотелското сместување во Грција може да чини помеѓу 30 и 200 евра за ноќ, во зависност од категоријата на хотелот.
Апартманско сместување може да се најде за околу 30-50 евра од ноќевање во предсезона и постсезона, додека во сезона цената може да биде околу 60-100 евра од ноќ. Студио со поглед на море може да чини околу 50-80 евра од ноќ во предсезона и после сезона, додека во сезона цената може да биде околу 100-150 евра за ноќ. Ако начекате убави LAST MINUTE цени на сместување, може да најдете сместување и за 79 евра за 7 ноќевања како што има во понудата на ЈК ТРАВЕЛ.Цените може да бидат значително повисоки на островите и на попопуларните туристички дестинации како што се Санторини или Миконос, каде цените на студиото со поглед на море можат да достигнат и до 200-300 евра за ноќ во екот на сезоната.
Цени во ресторани и кафулиња во 2024 година
Гиро пита (сендвич) 3.00 – 4.50
Порција гиро 7.00 – 10.00
Пита со сувлаки 3.00 – 4.00
Оброци во поевтини ресторани 15 – 20
Оброци во поскапи ресторани 30-50
Пица 6.00 – 12.00
Скара 6 – 14
Риби 8-60
Бранцин бас 400 гр. 16-18
Лигњи на скара 15
Пржени тиквички 6-7
Помфрит 5,50 – 6,00
Понудата на ЈК ТРАВЕЛ и најновите LAST MINUTE понуди може да ги најдете на www.jk.mk