Визер“ ја враќа линијата кон Кипар со државна поддршка

По четиригодишна пауза, од 27 октомври 2025 година, граѓаните повторно ќе можат да патуваат од Скопје до Ларнака, Кипар, преку директни летови на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, потврдија за медиумите од Министерството за транспорт и врски.

Официјалната потврда доаѓа откако министерот за транспорт, Александар Николоски, вчера на свеченоста по повод 15-годишнината на ТАВ Македонија најави дека е потпишан договор за субвенции за 11-тата дестинација од скопскиот аеродром – но без да ја открие дестинацијата. Сега е јасно: станува збор за Ларнака.

Летот Скопје – Ларнака беше прекинат во 2020 година за време на пандемијата, а од тогаш не беше обновен. Сега, благодарение на субвенционираниот модел, авиокомпанијата повторно ќе ја воспостави линијата со три лета неделно во текот на целата година.

Loading...